|
Избрана статија за оваа седмица
|
Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם (audio) (помош·инфо); арапски:القُدس القُدس (audio) (помош·инфо) Ал Кудс, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 747.600 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.
Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km², во Стариот Град, на Ридот на храмовите се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.
Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН, а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина. По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД. (Повеќе)
|
|
Дали сте знаеле…
|
Од најновите статии на Википедија:

- ...дека во XIX век, Богородичната црква во Париз (на сликата) била толку запуштена, што урбанистите размислувале за нејзино уривање, па Виктор Иго го напишал романот „Sвонарот на Богородичната црква“ делумно и за да ја подигне јавната свест за неа?
- ...дека во парапсихологијата, телепатијата се смета за форма на екстра-сензорна перцепција (ЕСП) и често се поврзува со прекогницијата и јасновидоста?
- ...дека според теоријата на Рационални очекувања, во макроекономијата може да се постигне целосна вработеност доколку цените и платите би биле целосно флексибилни?
- ...дека главниот град на Малезија Куала Лумпур, е eдновремено и една од трите федерални територии во државата?
- ...дека Марсиканската мечка, која е подвид на кафеавата мечка, живее единствено во централниот регион на Италија, и останати се само уште 30-тина живи примероци?
- ...дека Монголија била населена уште пред 800.000 години?
- ...дека на Ман, островска територија во Ирското Море, локалната управа се заснова на древните црковни парохии?
- ...дека НХЛ (NHL), професионалната лига во хокеј на мраз е формирана во Монтреал, Канада, во 1917 година од 4 канадски клубови?
- ...дека од најпопуларната руска крими-серија на сите времиња Бригада, од 2002. досега има снимено само 15 епизоди?
|
|
На денешен ден…
|
Денес е 30 декември, 2008
Настани:
| 1911 |
Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија - Куоминтанг. |
| 1943 |
Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија. |
| 1949 |
Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман. |
| 1964 |
Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и разво - УНКТАД. |
| 1996 |
Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи. |
| 2006 |
Над поранешниот претседател на Ирак Садам Хусеин била извршена смртна казна поради дела против човештвото. |
Родени:
Починале:
|
|
|
|
Други области
|
- Помош за нови соработници — Место за добивање на помош околу уредувањето и за снаоѓање околу Википедија.
- Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
- Биро за консултации — Служејќи како виртуелни библиотекари, нашите волонтери даваат одговори на вашите прашања од многу области.
- Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
- На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
|
|
Братски проекти
|
Википедија е хостирана од Викимедија фондацијата, непрофитна организација која исто така хостира и голем број на други проекти:
|
|