Википедија:Селска чешма

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај



Селска чешма

• овде можете да поставувате прашања и да дискутирате за Википедија •

Техника

за технички прашања

Википолитика

за прашања поврзани со принципите и напатствијата на Википедија

Идеи

за предлози и сугестии

Новости

за јавни известувања и новини

Критики

за оставање на конструктивен критицизам за проектот

Other languages

For questions in English or other foreign languages

Правопис и граматика

правописни и граматички прашања и ревизии

Преводи и транслитерации

за помош при преводи на поими и имиња од странски јазици


Википедија:Селска чешма
Ова е главниот форум за дискусија на Википедија. За поспецифични дискусии, видете ги посебните форуми наведени преку горните врски. Ако сакате да поставите прашање, а не сте сигурни дека сте на вистинското место, видете ги сите наши служби на Википедија:Прашања. Пред да поставите прашање или коментар, прочитајте ја долната кутија. Благодариме.

Содржина


[уреди] Добра статија

Само да прашам. Според кои критериуми се избира добра статија и кој проект е надлежен за тоа?-- MacedonianBoy  Oui? 23:23, 27 октомври 2008 (UTC)

Моментално целата работа е во фаза на развивање. Ќе разјасниме сѐ во блиска иднина. --Brainmachinewtf? 23:40, 27 октомври 2008 (UTC)

[уреди] Да ми помогнете

Дали би можеле да ми кажете, каде можам да најдам фонт ист како оној што се наоѓа на горниот лев агол од Википедија (веднаш под логото на Википедија), мислам на фонтот со кој е напишано: „Слободна енциклопедија“. Ви благодарам многу. 89.205.50.12 (разговор) 21:02, 30 октомври 2008 (UTC)

Tuka -- MacedonianBoy  Oui? 20:57, 9 ноември 2008 (UTC)

[уреди] Банерот е конечно преведен

Почитувани корисници, како што можеби забележавте, горниот банер за донации сега е преведен на македонски јазик. Се извинуваме за задоцнувањето. Исто така, сега постои и посебна страница за донации на македонски јазик. Уште еднаш... се извинуваме за задоцнувањето :( --Brainmachinewtf? 23:37, 16 ноември 2008 (UTC)

ПС. Првобитно има некои недоследности и мали грешки. Се извинуваме и за тоа. :(((( --Brainmachinewtf? 23:54, 16 ноември 2008 (UTC)

[уреди] Молба за никулци

Ќе ве молам да не ставате никулци на врвот на статиите се расипува статијата. Благодарам-- MacedonianBoy  Oui? 23:38, 26 ноември 2008 (UTC)

Да се надоврзам: Википедија:Портал/Википолитика#Локација на никулец-шаблоните -- каде да биде?. Де луѓе, набљудувајте ги овие страници за да може да комуницираме поубаво.

[уреди] Изумрени видови

При употреба на Taxobox доколку се внесе заштитен статус - ЕN (загрозен вид) автоматски статијата се става во категорија на загрозени видови. Може ли да се направи истото и за изумрени видови при додавање на статус ЕХ? Сега постои категорија Изумрени видови (или исчезнати е поправилно?) меѓутоа треба посебно да се внесува со другите категории. - Vekip8 (разговор) 14:33, 28 ноември 2008 (UTC)

`Изумрени` е правилно кога се однесува на видови, бидејќи `исчезнати` има малку поинакво значење :)

-- Виолетова (разговор) 16:15, 28 ноември 2008 (CЕТ)

[уреди] изумрен или исчезнат?

Бидеќи ова е сепак енциклопедија, а не експериментален проект, секогаш се трудам најпрвин да користам веќе утврдени зборови, и одбегнувам експериментирање. Меѓутоа постојат случаи како овој, каде има повеќе од еден збор во честа употреба - не сум никаков стручњак, но знам дека обата збора сум ги среќавал со слична честота. Решението на дилемата и не е така сложено: кога нешто е „исчезнато“, поимот воопшто не подразбира дека нештото повеќе не постои, туку само дека ние не можеме да го пронајдеме. Поимот „изумрен“ пак значи дека сите единки повеќе не постојат, т.е. дека `(из)умреле` од извесни причини. Идејата на англискиот збор "extinct" е токму таква. Кога било кој ќе го сретне поимот, секој знае дека се работи за суштества кои дефинитивно повеќе не постојат, а не дека се изгубени, т.е. исчезнати. На тој концепт одговара само поимот „изумрени“.

Јас цврсто стојам на овој став, иако гледам дека официјалните публикации го користат другиот поим. Да не заборавиме - не мора да значи дека тие намерно го избрале овој поим, туку едноставно се водат по традиционални практики, кои се воведени од поодамна и не чувствуваат дека е нивно да ги менуваат. --Б. Јанкулоскиразговор 09:19, 9 декември 2008 (UTC)

[уреди] За таксономската кутија

Јас не дека сакам да досаѓам .. ама има проблем со Taxobox. Пред името и пред научна класификација се појавува  ;"| , и автоматски се додаваат категории на англиски ... еве пример за што зборам Кодиак - Vekip8 (разговор) 22:47, 29 ноември 2008 (UTC)
  • Тој проблем го решив пред некој ден. Сега не се јавува ништо такво. Единствено на што треба да се внимава при примената на кутијата во статија е параметрот regnum (царство) на почетокот — тука "[[Animal]]ia" или (евентуално) "[[Animal]]s" мора секогаш да се преведува како "Животни" или "[[Животно|Животни]]" и никогаш да не се остава празно или со некој поинаков превод. --Б. Јанкулоски
    • Објаснение: од ова зависи бојата на кутијата. Секое таксономско царство (regnum) си има своја боја и доколку не е поставен правилен (во наш случај, македонски) внос во параметарот, прикажува разни бесмислени знакчиња и вели дека параметарот е грешен. --Б. Јанкулоскиразговор 09:22, 9 декември 2008 (UTC)

[уреди] Таксокутии

Навистина не ми е јасно што стана со таксокутиите? На пример, погледнете во Розоцветни, целосно е уништена, а до вчера беше ОК. Boyan (разговор) 13:11, 30 ноември 2008 (UTC)

И јас го приметив истото .. има некои чудни знаци и се додаваат некои категории на англиски (пример: Taxoboxes with an invalid color | Endangered species | Taxoboxes needing a status system parameter). Може некој да ја оправи работава ? - Vekip8 (разговор) 13:17, 30 ноември 2008 (UTC)
На таксокутијата уште од одамна ѝ имам во план поправки+обновување. За жал, јас сум професионален прокрастинатор и ја одложив таа задача. Сега ќе се обидам да поработам малку на неа, оти го забележав проблемот. --Brainmachinewtf? 22:56, 30 ноември 2008 (UTC)
Ок Сега е ок таксокутијата, средена е, дури испадна и подобра од порано. Огромна благодарност до 89.205.14.116 (претпоставувам нелогиран Корисник:Boyan :D ) за преводот на поимите. --Brainmachinewtf? 23:41, 4 декември 2008 (UTC)
Па искрено не ми се гледа баш ко да е целосно средено, ;" сеуште стои пред името и пред статусот, и пак ми се додаде категорија „Taxoboxes with an invalid color“  :( - Vekip8 (разговор) 00:04, 5 декември 2008 (UTC)
Ту бее.. :(( Во која статија (може линк?). Ајде да се обидеме да го доправиме. :) Мислев во генерала дека е среден (оти разгледав едно десетина статии и немаше проблем) :S --Brainmachinewtf? 00:07, 5 декември 2008 (UTC)
Може, не е проблем.. еве најново овде приметив Нилски коњ, а има и во други. Ама може ја нешо грешам :( да не треба нешто да додавам-одземам .. зашто јас само си ги зиам од анг верзија и ги мењам имињата .. - Vekip8 (разговор) 00:12, 5 декември 2008 (UTC)
Ај види сега: Нилски коњ - ја копирав исто како од англиската, но го сменив само името на македонски. Значи најдобро копирај ги целосно таксокутиите и промени го само името, а другите форми остави ги како што си се. Ќе направиме англиските имиња да пренасочуват до македонските статии (на пример Animal до Животни) и така ќе се оправи работата. --Brainmachinewtf? 00:20, 5 декември 2008 (UTC)
ОК. Ќе ги оставам имињата на англиски .. и ќе ги сменам во статиите што ги правев до сеа .. Фала за објаснувањето и се извинувам што ве измачив сите :-Р - Vekip8 (разговор) 00:29, 5 декември 2008 (UTC)

[уреди] Актери, актерки и филмови!!!

Би сакал да се договориме за нешто! Во инфокутијата на некој актер, актерка или филм горе има наслов на филмот пример: {{Infobox Film}} Значи да се договориме дали насловот на инфокутијата да го оставиме вака или пак: {{Infobox Film}} Сакам само да кажам дали насловот да биде само на македонски или на македонски па под него на англиски. Зборуваме за американски филмови и актери??? Ве молам да се договориме! И откако ќе се договориме ве молам на таа статија на која ќе наидете да го поправите тоа според договореното! --Макс(разговор) 12:10, 29 ноември 2008 (UTC)

Мислам дека те сфаќам што сакаш да кажеш. :) Секогаш одиме со варијантата за двете имиња - македонското+оригиналното. Затоа вклучувајте ги и двете имиња. Уште нешто, немојте да заборавите дека ги преферираме поимите „глумец“ и „глумица“ место „актер“ и „актерка“. Користете ги тие термини во статиите. --Brainmachinewtf? 22:56, 30 ноември 2008 (UTC)
Чекај малку!!! Правилно е глумец и глумица??? Јас мислев дека правилно е актер и актерка??? Дали си сигурен!!!! И значи се согласуваме во секоја статија за филм, ГЛУМЕЦ или ГЛУМИЦА горе да стои и на македонски името и на англиски!!! --Макс(разговор) 12:43, 1 декември 2008 (UTC)
Да, така е, сигурен сум, дури категориите од „актери“ ги преместивме во „глумци“. Тоа ни е договорениот термин. Исто така, пожелни се и двете имиња за секогаш да се има во предвид оригиналниот наслов на филмот (за да може читателот да знае што да бара на интернет ако сака да дознае повеќе). ПС: Зошто користиш толку силна интерпункција? По три извичника (!!!) и по три прашалника (???) :S Тоа ја дава импресијата дека постојано се дереш и прекумерно реагираш (!!!!) или дека си во огромно чудење (???) (вака кога комуницираме преку интернет). Намали малку, стави и по некоја точка ;) --Brainmachinewtf? 23:49, 4 декември 2008 (UTC)
Да, во право си никогаш не сум размислил за тоа. :)! --Макс(разговор) 13:16, 7 декември 2008 (UTC)

DSL Дигитална претплатничка линија

Првиот тип на широкопојасен DSL стандард кој се појавил е интегрирани сервиси за дигитални мречжи (ISDN) развиен во 1980 тите години од страна на CCITT претходник на ITU-T. ISDN познат уште како IDSL стандард нуди 2B и 1D кодирачка шема на единечен пар вплетена жица. Тоа вклучува два 64 kbps канали(2B) за говор и податоци и еден опционен 16 kbps (1D) дигитален канал. Ова дава вкупно 144 kbps податочна брзина во двете насоки. ISDN никогаш не станаа популарни поради високата цена и недостаток на применливи апликации. Како што веб страниците вклучуваа се повеќе и повеќе мултимедијални податоци, потребата од поголем пропусен опсег се зголемуваше со цел да се задоволат претпалтничките потреби и очекувања. Различни типови на DSL технологии се развија (уште и се сретниваат како серија на xDSL ) со цел да се за обезбедување на голем проток низ влетените бакарни парици. DSL услугите предизвикуваат употреба на опсег од високофрквентното подрачје на бакарните парици со цел поефикасна трансмисија на податоци. Опсегот од 0 до 4 kHz е искористен за пренос на линиите на традиционалните стари телефонски услуги (POTS). Вообичаено опсегот 25-160kHz е носител на “upstream” , од корисникот до носителот, т.е. пренос на податоците на податоците во таа насока, а опсегот 240kHz- 1.5MHz се користи за трансмисија “downstream” (од носител до корисник). Меѓутоа брзините на DSL се ограничени поради меѓусебното влијание кое допринесува да се случи нарушување на квалитетот на сигналот при поголеми брзини од граничните. Слабеењето на електромагнетните бранови низ бакарните парици расте во функција на квадратен корен од фреквенцијата на сигналот. Според тоа сигналите со повисоки фреквенции слабеат повеќе и побрзо во однос на тио со помали фреквенции во бакарните парици. За да се понуди DSL мора да се отстранети намотките на старите бакарни парици. Уште повеќе за деградација на сигналот доведува, лошиот квалитете на бакарот, премостните приклучоци, врските со соседни бакарени парици итн. Најголем дел од DSL технологиите користени денес, употребуваат модулациска техника DMT, која го дели целиот фреквенциски опсег на 247 калали од по 4 kHz. Квалитетот на сигналот постојано се надгледува и се извршува преместување на сигналот од лоши во слотови кои овозможуваат квалитетен пренос. Асиметричниот DSL (ADSL) и DSL – от со висока брзина на пренос на податоци (VDSL) се двета најпознати и најраспространети технологии. ADSL овозможува доленен пренос “downstream” се до 8 Mbps и горен “ upstream” до 800 kbps, на максимална должина на пренос 5500m. VDSL услугите вообичаено се проследени со инфраструктура на оптичко влакно до граница (FTTC), со мала дистанца во која се употребуваа бакарни вплетени парици. За растојание од 1200 m низ бакарна вплетена парица VDSL поддржува до 52 Mbps за долен и 16 Mbps горен проток на податоци. Во табела 2.1 се наведени перформансите на сите DSL технологии. За да се примаат DSL услуги, корисницте треба да инсталираат филтер за да се одделат сигналите кои пренесуваат говор од тие за пренос на податоци. DSL модемот е вклучен на страната на корисникот, преку кој корисникот се приклучува до сервис провајдерот преку DSL пристапен мултиплексер (DSLAM), кој е лоциран во оддалечената точка , централна канцеларија (CO). DSLAM овозможува точка до точка доделен опсег помеѓу сервис провајдерот и крајниот корисник. Ова сценарио се разликува од сценариојата кои се употребуваат во други пристапни технологии , кабелски модем и PON.

[уреди] Вики-средба

Здраво на сите. Неодамна ме контираше Весна од Идивиди за евентуална соработка со мк.вики. Исто така не сме се виделе одамна, па мислам дека е време за вики-средба. Доколку ви одговара, четврток, 25.12.2008, 19:00 во Пјаца Либертас, спроти средното училиште Јосип Броз Тито. --Милош (разговор) 13:04, 19 декември 2008 (UTC)


  • Планираат да дојдат
  1. --Милош (разговор) 13:04, 19 декември 2008 (UTC)
  2. --Виолетова (разговор) 17:47, 19 декември 2008 (UTC) --доколку успеам... деновиве а и другата недела имам многу обврски
  3. --FlavrSavr (разговор) 19:26, 20 декември 2008 (UTC) - најверојатно.
  4. --Kiril Simeonovski (разговор)

21:03, 19 декември 2008 (UTC)

  • Не планираат да дојдат
  1. --Raso mk (разговор) 21:21, 19 декември 2008 (UTC) Коментар  Немам авионска карта : (
  2. --Макс(разговор) 19:16, 21 декември 2008 (UTC) Коментар Леле ова го чекав долго време но овојпат навистина нема да можам да дојдам! На 25 е католички Божиќ (јас сум православен) на мои роднини и се нафатив да помогнам не е важно! Се надевам дека ќе има извештај да знаеме како поминала!


[уреди] Извештај од одржаната средба

Почитувани Википедијанци Ве известуваме дека на 25 декември 2008, во Скопје (Пјаца Либертас) се одржа викисредба на која основна тема на разговор беше постигнатиот успех на Википедија на македонски јазик, како и она што допрва треба да се постигне, во нејзиното имплементирање и запознавање на поголем број на луѓе со неа. На средбата присуствуваа:

  1. Милош
  2. Кирил Симеоновски
  3. brest
  4. Весна од Идивиди.

Разговорот започна спонтано. Се претставивме со сето она што го имаме, она што мислиме дека треба да го имаме, како и најболните точки кои ги има Википедија на македонски јазик. Го посочивме проблемот со дефицитарноста на континуирани уредувачи, како и проблемот со влијанието на соседните Википедии. Се дискутираше и околу активноста на форумите, особено нивното полнење со енциклопедиска содржина, наместо тоа да се стори на Википедија. Разговаравме за можноста за помош од страна на Идивиди, на која што би биле многу благодарни, преку запознавање на Википедија на голем број на заинтересирани луѓе кои би можеле да помогнат во уредувањето на Википедија на македонски јазик. Средбата помина одлично, но сепак пред нас постои голема и напорна работа. Се надевам дека во новата 2009 ќе се организираат голем број на вакви викисредби, енциклопедијата ќе се развива со многу побрзо темпо, а со тоа сите ќе добиеме солиден извор на информациии на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:13, 25 декември 2008 (UTC)


И, имаше ли средба? Ако имало не е лошо нешто да споменете.--Raso mk (разговор) 13:14, 26 декември 2008 (UTC)

Следната викисредба барам да се закаже таму каде што има скара. Не оди пиво со кикирики.--brest (разговор) 14:38, 26 декември 2008 (UTC)

[уреди] Среќна Нова Година

Среќна нова година на сите корисници на Википедија и се најдобро во новата 2009. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 16:54, 31 декември 2008 (UTC)

Лични алатки
  • .
навигација
интеракција
алатник
Други јазици

programy finansowo księgowe Chroń mnie poker poker online chicago limo